Словенците во прашалници по вчерашниот навивачки дебакл на Арената… каде исчезнаа навивачите во Скопје?

0

Репрезентацијата на Словенија синоќа на Арената Тодор Проески во Скопје во рамките од последното коло од Лигата на Нациите, ни одржа фудбалска лекција. Не победи со 0:3 и си замина со планираните три бода.

Колку и да боли поразот на терен, уште повеќе боли оној на трибините. Каде што официјално според УЕФА супервајзерот имаше не повеќе од 2000 гледачи. Ужас… па дури и за македонски фудбалски услови. Нашиот национален тим никогаш во историјата не играл пред толку малку гледачи.

Словенечките новинари јавно се прашуваат денеска, откако ја испофалија нивната селекција, како е можно на еден меч на национален тим да има толку малку гледачи. А Арената со капацитет од 35.000 гледачи.

Не споредуваат со мечеви од нивниот шампионат и тимот на Браво. Кој што очигледно има просек од 1000, 2000 гледачи не повеќе.

„Нема публика во Македонија, сите дојдоа да работат во Словенија“ – е најоригиналниот коментар на текстот кој што словенците го посветија на една тажна македонска фудбалска репрезентативна епизода…

https://www.nogomania.com/Novica/Kulisa-kot-na-tekmi-Brava-Slovenija-je-v-Skopju-igrala-pred-skoraj-povsem-praznimi-tribunami?fbclid=IwY2xjawVpVlJleHRuA2FlbQIxMABwZG9mBWJyaWQRMTE0alZBYmhSaWV0a3U2ZlhzcnRjBmFwcF9pZBAyMjIwMzkxNzg4MjAwODkyAAEfjQRtgMlAzqttMQkekUmxPi3CX294HXdL-f6PZzKEboV4p7A-tmM9rRYdiZQ_aem_s7JlpHyy6lO4vZM7jEC_KA

Претходно„Златен гонг“ блесна со сиот свој сјај