Поранешниот македонски селектор, а сега кормилар на репрезентацијата на Таџикистан, Игор Ангеловски не успеа да стигне до пехарот на „Кинг купот“ кој што се одржува во Тајланд.
Тој во финалето со својата репрезентација загуби токму од домаќинот со 3:0, и така заврши како втор.
Црвениот картон кој што Бабајанов го доби во 38. минута беше клучниот момент на мечот, затоа што до тој момент резултатот беше 0:0.
Сепак, со играч помалку избраниците на Ангеловски не можеа да пружат посилен отпор.










