Спектакл во Кардиф, а Халанд во 90+6. минута со гол од пенал ја расплака Данска

0
ФОТО:facebook.com/PORTUGAL

Вечерва со осум натпревари во А и Б сегментот, заврши Лигата на Нации. Најинтересно беше во Кардиф каде во еден спектакуларен меч, Португалија како гостин славеше против Велс со 2:3.

Бруно Фернандеш донесе водство за Португалија уште во 11.минута, следуваа два гола на Велшаните за 2:1 и тоа преку Брукс и Томас за да во 43.минута Нето израмни на 2:2. Победничкиот гол беше дело на Форбс во 70.минута.

Спектакл и во Копенхаген каде Норвешка како гостин победи со 2:3. а победничкиот гол беше дело на Халанд од пенал во 90+6.минута. Интересно е тоа што во 14.минута беше 2:0 за Данска со головите на Хојлунд и Хојбјерг. Следуваше првиот гол на Халанд за 2:1, за да Одегард во 83.минута израмни на 2:2. И потоа Халанд во 90+6.минута ја расплака Данска.

Португалија заврши како прва а Норвешка како втора иако има ист број бодови како третата Данска.

Во Б Лигата на Нации се постигнаа следните резултати:

БиХ – Романија 2:1 иако водеа гостите, Ирска – Косово 3:0, Израел – Австрија 1:1, Унгарија – С.Ирска 1:1, Полска – Шведска 1:1, Украина – Грузија 1:0.

ПретходноПелистер со херојски пресврт до прва победа во Европската лига