Македонската ракометна репрезентација и овој јануари ќе настапи на големо натпреварување, овој пат на Светското првенство кое ќе се одржи во Германија. Нашите момци групната фаза ќе ја играат во Магдебург, а во група се со Јапонија, Бахреин и Шведска.
Селекторот на нашиот најдобар национален тим, Кирил Лазаров го објави поширокиот список, на него се најдоа 35 имиња. Прозивката за старт на подготовките е предвидена за 22. декември.











