Кошаркарите на МЗТ Скопје претрпеа пораз на гостувањето кај Тарту со 93:77, во натпреварот од седмото коло во ФИБА Европа купот.
„Металците“ добро го отворија дуелот и по првата четвртина имаа само еден поен негатива, 20:19. Сепак, клучна се покажа втората четвртина, во која естонскиот состав постигна 33 поени, а на паузата замина со предност од 53:34.
МЗТ се обиде да се врати во продолжението, ги доби последните две четвртини со 22:21 и 21:19, но тоа не беше доволно за да ја загрози победата на домаќинот.
Најефикасен во редовите на МЗТ беше Лесли Ворнер со 19 поени, додека Тадија Тадиќ постигна 11, а Димитрије Николиќ 10 поени. Кај Тарту, Кит Палек беше најдобар со 16 поени и 12 скока, а Александар Оливер Хинт додаде 14 поени.










