Од петок до понеделник: Познати се термините за мечевите од 14.коло во ПМФЛ

152
ФОТО:FFM.MK

По двонеделната пауза поради настапите на нашата репрезентација, претстојниот викенд продолжуваат возбудувањата во тековната сезона во ПМФЛ. Ќе има прволигашки фудбал од петок до понеделник, а од пет мечеви дури четири ќе се играат во Скопје, од кои два на Арената “Тодор Проески“ и тоа Вардар – Тиквеш (сабота) и Шкендија (Т) – Силекс (понеделник). Инаку овој последен меч требаше да се игра во недела, но поради трагедијата во таборот на тетовци, почина асистентот во стручниот штаб, Агрон Мемеди, но е презакажан за в понеделник.

Единствениот кој се игра надвор од Скопје е мечот во Штип, меѓу Брегалница и Струга ТЛ.

РАСПОРЕД ЗА 14.КОЛО – ПМФЛ

ПЕТОК:

Скопје (Чаир): Шкендија (А) – Башкими (13 ч)

САБОТА:

Скопје (Автокоманда): Скопје – Арсими (12 ч)

Скопје (Арена): Вардар – Тиквеш (13 ч)

НЕДЕЛА:

Штип: Брегалница – Струга ТЛ (12 ч)

ПОНЕДЕЛНИК:

Скопје (Арена): Шкендија (Т) – Силекс (13 ч)

ПретходноОтпадна од списокот поради повреда: Македонија ќе мора без Ненад Костески на СП 2027!
СледноПокетино попладнево пристигна во Манчестер! (ВИДЕО)