Лавина од новинарски наслови, и „домино“ ефект предизвика вчера написот дека искусниот словенечки фудбалски стратег, и поранешен селектор на оваа репрезентација, Матијаш Кек е наследникот на Гоце Седлоски на клупата на Македонија.
По серијата на порави во Лигата на Нациите, Б дивизија, и финишот со нула бодови на нашето конто, сосема очекувано е да почнат шпекулации за смена на Седлоски и доаѓање на нов селектор на нашиот национален состав.
Кек и претходно беше споменуван како можна опција, а сега откако неговото име се најде во центарот на вниманието на балканската јавност, нормално е во моментов тренерот на хрватскиот тим Ријека и самиот да се огласи по ова прашање.
„Немаше никаков контакт, ниту каков било повик од Македонија. Дури и да имаше, моето семејство и претседателот Дамир Мишковиќ ќе дознаеја први. Не дојдов во Риека само за три месеци. Имаме одредени проблеми, но правиме сè што е во наша моќ за да ги решиме“, изјави Кек, како што пренесува „Нови лист“
Ова е одговор кој што и доликува на авторитет во професијата како Кек. Тој дипломатски и се обрати на јавноста која што во моментов само може да шпекулира и ништо повеќе.
На ФФМ е најпрво да одлучи дали Седлоски и натаму ја има довербата, а потоа дали евентуално неговата замена ќе се вика Матијаш Кек.










