Со 0 (нула) бодови до 1.5 милиони!

0

Како и да се заврти работата, колку и да си „тенок“ во резултатите, игрите, и изведбите, сепак, УЕФА се грижи за своите членки и секогаш е тука да подели финансиска инјекција.

Така е и во конкретниов случај со фудбалската репрезентација на Македонија, која што ете, исклучиво по своја вина, не успеа да освои ниту еден бод во штотуку завршената Лига на Нации кампања Б дивизија.

Нашата резултатска и играчка пропаст против Швајцарија, Словенија и Шкотска не влијае врз фактот што УЕФА на контото на ФФМ ќе уплати 1.5 милиони евра, на име на солидарен фонд, што Македонија беше дел од оваа кампања во Б дивизијата, втора по ранкинг на табелата на најсилни селекции во Европа.

Ако барем резултатите не се како што треба, добро е што барем касата е полна, за да имаме и ние ете некаков бенефит од сето ова.

А за резултатите, едниот постигнат гол, и немањето победа повеќе од една година, има кој да мисли….

 

 

ПретходноДобри вести за Јувентус – на теренот се враќа важен играч