Аргентина оваа 2026 ја заврши со гол – шоу, но без Меси стадионите се празни

1
ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN

Аргентина започнува нова ера без Лионел Меси, но репрезентацијата се соочува со сериозен предизвик – повторно да ги наполни стадионите до крај. Во убедливата победа од 7-0 над Костарика во Кордоба, стадионот „Марио Кемпес“ остана далеку од својот полн капацитет. На трибините имаше нешто повеќе од 30.000 гледачи од можни 57.000 седишта. Само 18.000 билети беа продадени однапред, а некои од пропусниците дури беа поделени бесплатно околу хотелот каде што престојуваше тимот. Таква слика беше незамислива кога Лионел Меси ги водеше „гаучосите“.
Ова е поинакво време. Друга ера. Друга Аргентина, иако сè уште има неколку клучни фигури кои станаа светски шампиони во Катар. Без Меси, Аргентинската фудбалска асоцијација ќе мора да ја преиспита својата стратегија, намалувајќи ги цените на билетите и организирајќи натпревари против посериозни ривали.
И покрај слабиот интерес за натпреварот, Аргентинците приредија вистинско шоу против Костарика. Шампионите на Светското првенство во 2022 година постигнаа седум гола и покажаа импресивен настап, иако против скромен противник.
„Не мислам дека луѓето ја изгубиле љубовта кон националниот тим. Јасно е дека мора да продолжиме да се натпреваруваме на високо ниво за да ја задржиме нивната доверба. Ова е единствениот начин врската меѓу тимот и навивачите да продолжи да постои“, рече Скалони.

ПретходноУЕФА ја избриша Русија и од квалификациите за Евро 2028