Македонија и официјално е во третиот: Познати се сите шешири за квалификациите за ЕП 2028!

0

Со завршувањето на групната фаза од Лигата на нации, официјализиран е составот на сите шешири пред извлекувањето на квалификациските групи за пласман на Европското првенство во 2028 година.
На 6 декември во Белфаст ќе бидат извлечени 12 групи, шест со четири и шест со пет селекции. Победниците од 12-те групи и осумте најдобри второпласирани селекции ќе обезбедат пласман на ЕУРО.
Останатите четири учесници ќе играат плејоф, кој ќе биде специфичен како никогаш досега, и ќе зависи од успехот на четирите домаќини (Англија, Република Ирска, Велс и Шкотска) во квалификациите. Имено, домаќините имаат резервирано максимум две места доколку не се квалификуваат преку регуларните квалификации.
Преку баражот, се пополнуваат од две до четири места на Евро, во зависност од тоа колку домаќини веќе се квалификувале директно.
Според тоа, во март 2028 година осум или 12 репрезентации ќе учествуваат во плејофот (кои се избираат врз основа на резултатите во квалификациите и Лигата на нации). Четирите најслаби второпласирани во квалификациите сигурно ќе играат барем во плејофот.

Македонија, ова беше познато уште поодамна е во третиот шешир. Квалификациите започнуваат во март 2027 година и ќе се играат до ноември, а Македонија ќе го започне своето патување до Европското првенство во јуни, бидејќи во март ќе игра бараж за опстанок во Б-дивизијата на Лигата на нации. Ова значи дека ќе биде во група со 4 репрезентации.

Прв шешир: Англија, Португалија, Франција, Холандија, Шпанија, Белгија, Данска, Германија, Грција, Италија, Норвешка и Хрватска.
Втор шешир: Србија, Велс, Чешка, Турција, Швајцарија, Шведска, Австрија, Унгарија, Северна Ирска, БиХ, Словенија и Република Ирска.
Трет шешир: Украина, Полска, Романија, Израел, Грузија, МАКЕДОНИЈА, Црна Гора, Албанија, Словачка, Исланд, Шкотска, Косово.
Четврти шешир: Белорусија, Кипар, Фарски Острови, Финска, Молдавија, Ерменија, Бугарија, Луксембург, Казахстан, Латвија, Сан Марино и Естонија.
Петти шешир: Малта, Азербејџан, Литванија, Андора, Гибралтар и Лихтенштајн.

ПретходноИ официјално: Компани в петок ќе го предводи Баерн од клупата против Келн