Бафто ќе ја дели правдата на дербито Вардар – Тиквеш

69

Пред малку од страна на надлежните во Фудбалката Федерација на Македонија беа одредени арбитрите кои што ќе ја делат правдата во претстојното најново 14. коло од ПМФЛ шампионатот.

Во прв ред, тема секако е дербито на Арената Тодор Проески кое што ќе се игра в сабота со почеток од 13:00 часот помеѓу екипите на Вардар и Тиквеш. За главен судија е одреден Фатмир БАфто.

Утре пак, колото започнува со дуелот Шкендија Арачиново – Башкими со дуелот од 13:00 часот на Чаир кој што ќе го суди Стојанче Трпчевски.

Скопје и Аресими исто така играат в сабота на Автокоманда но од 12:00 часот со арбитража на Александар Грујоски.

Внедела во Штип на Брегалница и гостува тимот на Струга Трим Лум, исто така од 12:00 часот со Доне Ристовски како главен, додека пак еден час подоцна на Арената Тодор Проески во Скопје домаќинот Шкендија Тетово ќе го пречека Силекс.

 

ПретходноНесторовски: “Полошо не може да биде…”