Несторовски: “Полошо не може да биде…”

0

Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, Илија Несторовски, иако сериозно ја гази четвртата деценија од животот, тоа воопшто не му пречи да биде во топ три голгетерите во ХНЛ шампионатот.

Тој буквално „гази“ за неговиот тим Славен Белупо во моментов, и е интересна тема за хрватските медиуми.

Во големо, опширно интервју  за Спортске Новости денеска Несторовски и се обраќа на јавноста на многу теми. Од неговите фудбалски почетоци, преку екслозијата своевремено во Интер Запрешиќ, па во престојот во Палермо, головите, трансферите.

Секако, тема е и македонскиот национален тим за кој што Несторовски долги години беше „ударна игла“. Хрватите ги интересира неговото мислење во моментов, околу резултатите, и статусот на фудбалската репрезентација како тим.

„Знам дека во изминатите три години играм константно добро во многу силна лига, но репрезентацијата има нови планови – сакаат да го подмладат составот, а за жал, во тоа нема место за мене. Моменталните резултати се исклучително лоши; се надевам дека наскоро ќе дојде до позитивен напредок, бидејќи полошо од ова навистина не може да биде“ – кратко и јасно вели Илија Несторовски.

 

 

ПретходноШестмесечни суспензии за Прилеп поради инцидентот во дуелот со Алкалоид