Червар: Вечерва бевме Никола Митревски против сите!

0

Лино Червар и неговите момци не успеаја да ги израдуваат своите навивачи со победа на дерби-пресметката против Алкалоид. Од Скопје си заминаа со пораз од 30-28, втор сезонава, па по 11. коло паднаа на четвртото место на табелата во Супер-лигата.

Искусниот стратег по поразот потенцираше дека неговиот тим немал доволно свежина, а единствен кој се обидувал да ги мотивира соиграчите бил Никола Митревски. Дополнителна причина за послабата игра, според него, е густиот распоред и периодот во кој Пелистер мора да биде на висина на задачата, бидејќи следуваат вистински предизвици, ритам кој е тешко да се издржи.

„Не бевме рекуперирани, немавме доволно време. Имавме тежок натпревар пред два дена, имаше еуфорија, малку славење и веднаш нов тежок натпревар. Немавме доволно свежина во играта и тоа се забележуваше особено кај лидерите во екипата. А знаете како е, иако колективот ја носи победата, сепак во колективот мора да имате играчи што ќе повлечат и целиот тим гледа во нив. Па кога нема да оди, тогаш не му оди на целиот тим. Вечерва бевме Никола (Митревски) против сите. Тој одржуваше, мотивираше, но немавме доволно свежина. Овој ритам е многу тешко да се издржи. Сега нѐ очекува Гдањск, па Охрид, па одново меч во Европа“, ни изјави Лино Червар по натпреварот.

ПретходноКугларите ги добија ривалите за Светското екипно првенство во 2027 година