Првостепената дисциплинска комисија при Ракометната федерација на Македонија се произнесе, и донесе одлучи по повод инцидентот на дуелот од кадетската лига на Македонија против екипата на Алкалоид.
Донесена е одлука за шестмесечна суспензија на ракометарот на Прилеп, Бојан Наскоски, и тренерот на кадетската екипа на прилепчани, Рубин Богојески.
Откако целата ситуација е расчистена, прегледани се снимки, земени се изјави од инволвираните, комисијата донесе одлука Бојан Наскоски да биде суспендиран на шест месеци играње.
Идентична временска казна му е изречена и на тренерот Рубин Богојески, кој во следните шест месеци нема да смее да извршува каква било функција во ракометниот спорт.
По натпреварот во кадетска конкуренција, меч што заврши со победа на скопскиот тим, имаше инцидент на теренот кога домашниот играч дрско реагираше и го турна судиjата Давид Маркоски. И други играчи од домашниот тим се обидоа да се приклучат, настана мешаница во која својата улога ја одигра и тренерот Богојески.










