Лазаров: Ја одигравме најквалитетната партија! Лино никогаш не можете да го надмудрите!

2

Алкалоид го доби дерби дуелот против Пелистер совладувајќи го со 30-28 во натпревар од 11 коло. Избраниците на Кирил Лазаров одиграа одличен натпревар во кој доминираат, а со новите бодови се вратија на третото место на табелата.

Предводникот на Алкалоид има право на задоволство, бидејќи неговите момци ја прикажаа најдобрата партија оваа сезона.

„Мислам дека одигравме екстра квалитетен натпревар, и ние и Пелистер. Сакам да им честитам за фер-плеј играта. Се играше тежок и цврст македонски ракомет. Ја одигравме нашата најквалитетна партија сезонава, конечно во комплетен состав, иако сè уште не сме во најдобра физичка кондиција.

Очекувам дека во иднина ќе растеме. Имаме многу за работа, но сум многу задоволен од пристапот и желбата на нашите играчи. Од друга страна, свесен сум дека добиен натпревар не смееме повторно да го доведеме во неизвесна завршница. Мислам дека со текот на времето ќе го тренираме и тој сегмент, ќе имаме помирни и почисти глави и ќе знаеме како да го завршиме натпреварот. Ова е проблем на кој ќе мора да работиме во иднина“, ни изјави Кирил Лазаров.

Овој натпревар доби дополнителна тежина бидејќи за првпат на двете страни на теренот во улога на тренери се најдоа Кирил Лазаров и Лино Червар, едноставно кажано „пресметка“ на ученикот и учителот.

„Никогаш не можете да го надмудрите Лино. Многупати сум се консултирал со него за различни работи поврзани со националниот тим, а неговите совети секогаш се добредојдени. Тешко дека некој може да го надмудри и надмине, бидејќи тој е светски и олимписки првак, има осум или девет медали. Ова е само еден натпревар. Чест и задоволство ми е што ние како Македонија, но и јас како тренер, повторно го имаме тука. Македонија може само да профитира од него.

Тешко е да се надмудри и надмине Лино, но мотивацијата беше голема, што е сосема нормално.“, ни искоментира Лазаров. 

ПретходноУкраина во нова војна: Шевченко и Мудрик „пукаат“ преку медиумите