Тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Џеј Џеј Редик, вели дека во никој случај не е загрижен по изненадувачкиот пораз од Јута Џез со 109:97, со кој беше прекината победничката серија на неговиот тим од девет натпревари.
Редик смета дека станува збор за едно слабо напаѓачко издание и не сака да носи избрзани заклучоци по само еден неуспех.
„Нема да реагирам претерано на една лоша офанзивна вечер“, порача тренерот по натпреварот.
Лејкерс имаа големи проблеми со реализацијата, погодувајќи само 38,2 проценти од шутевите од игра и девет од 33 обиди за три поени. Дополнително, 18-те загубени топки им овозможија на гостите да постигнуваат лесни поени од контранапади.
Лука Дончиќ беше најефикасен кај домашните со 29 поени, но имаше и девет загубени топки, а неговата серија од 11 последователни натпревари со најмалку 30 поени заврши. Квентин Грајмс додаде 20 поени.










