Формула 1 од 2027 година во преносите ќе прикажува биометриски податоци од возачите!

0
фото: WTF1 @wtf1official (X)

Формула 1 најави новина во телевизиските преноси од сезоната 2027. Благодарение на партнерството со компанијата „WHOOP“, гледачите ќе имаат можност во реално време да следат дел од биометриските податоци на возачите и подобро да разберат низ какви физички напори минуваат за време на трките.

Специјалните уреди ќе овозможат следење на срцевиот ритам и други физиолошки показатели, а избраните податоци ќе бидат интегрирани во телевизиските преноси и дигиталните содржини. Целта е публиката да добие поинаква слика за физичкото и менталното оптоварување на возачите додека се натпреваруваат со брзини поголеми од 300 километри на час.

Соработката е договорена на четири години, а специјалните уреди ќе се носат на надлактицата, со заштитен огноотпорен ракав, согласно безбедносните барања на ФИА. Учеството на возачите и споделувањето на нивните податоци ќе биде доброволно.

На овој начин Формула 1 сака да им овозможи на навивачите подобар увид не само во перформансите на болидите, туку и во физичките предизвици со кои се соочуваат луѓето зад воланот.

ПретходноФОТО НА ДЕНОТ – Никола Костески!