Американската кошаркарка Кристол Ејсоне новото име во редовите на Бадел 1862. Таа игра на бековската позиција, висока е 170 сантиметри и зад себе има петгодишно искуство во највисокиот ранг на американската универзитетска кошарка – NCAA Division I, а доаѓа од Универзитетот Централна Флорида (UCF).
Бадел 1862 ќе биде нејзиниот прв професионален клуб во Европа, а Македонија првата дестинација во новото поглавје од нејзината кошаркарска кариера.
„Веќе го имав првиот тренинг со екипата. Беше одлично искуство да се запознаам со сите, да излезам на теренот и да почнам да го запознавам системот на игра. Возбудена сум што ќе продолжиме да ја градиме меѓусебната хемија и да се запознаваме уште подобро. Сите ме прифатија одлично, имаме квалитетна екипа, составена од кошаркарки кои сакаат да се натпреваруваат и да победуваат. Исто така, многу ми се допаѓаат тренинзите и интензитетот што го покажува секоја од нив.
Преселбата во нова земја и приспособувањето на поинаква средина се голема промена, но екипата многу ми го олесни тој процес. Уживам во ова искуство и со нетрпение го очекувам сето она што следува.
Очекувам да му помогнам на тимот да се натпреварува на највисоко ниво и, на крајот, да ја освоиме шампионската титула. Сакам на секој натпревар да внесам самодоверба, енергија, разновидност во играта и победнички менталитет. Исто така, сакам да изградам одлична соработка со соиграчките и да оставам траен белег во овој клуб“, новата кошаркарка на Бадел 1862 ги пренесе своите впечатоци.










