Најдобриот кошаркар на Работнички, Виктор Ефремовски, доби голема парична казна за удирање на противнички кошаркар на дербито со МЗТ Скопје. Имено, како што беше пријавено во записникот по натпреврот, при меѓусебното поздравување на кошаркарите, играчот на Работнички, Ефремовски, физички го нападнал кошаркарот на МЗТ Скопје, Тадиќ.
По разгледувањето на случајот, Кошаркарската федерација донесе одлука со која Ефремовски се казнува со парична казна од 200.000 денари за удирање противнички играч.
За неспортско навивање од двете навивачки групи, двата клупа ќе мора да платат по 10.000 денари.










