Дарко Панчев, најдобриот фудбалер во историјата на Македонија, иконата на македонскиот фудбал, и тоа како е ценет и респектиран на овие простори. Во негово време важеше за најдобриот напаѓач на Европа, посебно во таа епска 1991 година кога неговата Ц.Звезда ја освои европската титула а за тоа најголеми заслуги има Македонецот. Според многу проценки тој важи за еден од најдобрите, ако не и најдобар напаѓач на овие простори.
Токму затоа за Панчев и Хрватите подготвија документарец со работен наслов – “Господар на головите“.
“Тој беше страв и трепет за противничките одбрани, најдобриот стрелец во Европа и еден од најсмртоносните напаѓачи што некогаш ги имал југословенскиот фудбал. Неговото име беше Дарко Панчев, а сите го познаваа по неговиот легендарен прекар – Кобра!“ се вели во дел од најавата за овој документарец кој не треба да се пропушти да се види.










