Македонскиот боксер Ален Рустемовски не успеа да се пласира во полуфиналето на Европското првенство за боксери до 23 години во Пореч, со што остана без можност да освои медал.
Во четвртфиналето во категоријата до 60 килограми, Рустемовски се сретна со Турчинот Џинбулак Селахатин, во борба за пласман меѓу четворицата најдобри и сигурен медал. И покрај добрата борба, на крајот судиите му ја доделија победата на Турчинот со 2:3.
Со тоа нашиот боксер остана без шанса за освојување одличје и на овој континентален собир.










