ГРК Охрид го прегази Драгунас, пласманот во следната рунда е на дофат!

0

Доминантно издание на ГРК Охрид на првата пресметка со Драгунас Клаипеда во рамките на третото коло во ЕХФ Европскиот куп. Актуелниот првак ги исполни очекувањата на своите фанови и дојде до убедлива победа од 19-30 (7-13).

Реванш натпреварот меѓу двете екипи се игра утре, повторно во салата „Билјанини Извори“, со почеток во 18 часот. Според денешниот расплет, слободно може да се каже дека ГРК Охрид веќе е пласиран во следната рунда.

Литванскиот тим беше рамноправен противник до 22. минута. По 5-6, избраниците на Борис Ројевиќ почнаа да ја градат победничката предност и поведоа со 6-10, а по 30 минути игра резултатот беше 7-13.

Ниту во второто полувреме не се промени сликата. Македонскиот тим продолжи да доминира и без проблеми дојде до триумфот. На три минути до крајот со голот на Јагурновски поведе со двоцифрени 17-27.

Прв стрелец беше Мате со седум гола, зад него со шест погодоци беше Зечевиќ.

ПретходноКатастрофа за ПСЖ: Дуе со тешка повреда, со месеци ќе биде во “аут“! (ВИДЕО)