Пелистер му одржа лекција на Куманово!

1
Фото: КК Пелистер

Пелистер најави максимална битка и ја оствари на дуелот против Куманово. На домашен терен битолчани дојдоа до важна победа, славејќи со 85-72 во натпревар од осмото коло. Со тоа ставија крај на серијата од три порази во низа, а со новите бодови се искачија на седмото место на табелата, со скор од три победи и пет порази. Куманово, пак, останува на 12 бодови, исто колку што има и второпласираниот МЗТ Скопје.

Вилсон со 16 поени беше прв стрелец кај победникот, Кочовиќ имаше 15 поени. Кај гостите, Фундиќ имаше дабл-дабл од 18 поени и 11 скока.

Константната игра во текот на целиот натпревар беше клучна за триумфот на Пелистер. Домашниот состав ја доби првата четвртина со 22-18, додека на одморот веќе имаше ветувачка предност од 45-33.

Битолчани не го променија ритамот, одиграа уште десет добри минути, па во последната четвртина влегоа со двоцифрена предност од 66-49, која умешно ја сочуваа до самиот крај за мирен финиш.

ПретходноБод за Севиља, бод за Бетис во градското дерби