Покетино успеа: На „Олд Трафорд“ пристигнува машина за голови – вредна 120 милиони евра!

0
ФОТО:.facebook.com/manchesterunited/

Кога станува збор за трансферите што Манчестер Јунајтед планира да ги реализира во јануари, навивачите се многу нетрпеливи и очекуваат звучни засилувања.

Манчестер Јунајтед уште во јануари би можел да добие големо засилување во нападот. Виктор Осимен, според пишувањата на англиските медиуми, е подготвен да ја прифати понудата за преселба на „Олд Трафорд“ и повторно да се обиде да ја оствари својата желба за настап во Премиер-лигата. Напаѓачот на Галатасарај е заинтересиран за трансфер во Манчестер Јунајтед, каде што би соработувал со новиот тренер Маурицио Покетино.

Според информациите објавени од „The Sun“, Нигериецот е почестен од интересот на англискиот гигант и е подготвен да ја прифати понудата доколку клубот ги исполни неговите финансиски барања.

Осимен во моментов во Галатасарај заработува околу 16 милиони евра годишно, а наводно истата сума би сакал да ја добива и на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед има сериозна потреба од класичен напаѓач. Бенџамин Шешко во моментов е единствениот препознатлив сениорски централен напаѓач во тимот, а ситуацијата дополнително ја отежнува неговата повреда на потколеницата.

Џошуа Зиркзе, Брајан Мбеумо, Матеус Куња и Маркус Рашфорд можат да играат во нападот, но ниту еден од нив не е класичен централен напаѓач каков што е Осимен.

Токму поради тоа, челниците на Јунајтед планираат да донесат нов голгетер во текот на јануарскиот преоден рок.

Сепак, реализацијата на трансферот нема да биде едноставна. Галатасарај наводно бара меѓу 100 и 120 милиони евра за својот напаѓач, што би претставувало сериозна финансиска инвестиција за англискиот клуб.

Осимен зад себе има импресивни бројки во дресот на турскиот гигант. Оваа сезона постигна 10 гола и забележа три асистенции на 11 натпревари во сите натпреварувања.

Вкупно, за Галатасарај одигра 85 натпревари, постигна 69 голови и забележа 19 асистенции.

За можноста за негово доаѓање, како и за тоа дали Покетино треба да тргне по потписот на Нигериецот, говореше и поранешниот напаѓач на Челзи и Тотенхем, Пол Инс.

ПретходноУжасни вести за Баерн: Кејн во “аут“ 4-5 месеци, Олисе на патерици ја напуштил „Алијанц Арена“!(ФОТО)