Екипата на Камјани денеска во последниот дуел од второлигашката конкуренција викендов со конечни 2:1, на свој терен го совлада тимот на Еуромилк Лисиче.
На тој начин екипата на Камјани иако дебитант во оваа конкуренција, стигна до одличното четврто место и до ситуација во која што многу нешта до крајот на шампионатот ќе зависат токму од овој тим.
Стрелци на головите денеска за тимот на Камјани беа Ливарека и Адеми.










