Во единствениот денешен дуел од ПМФЛ шампионатот, тимот на Струга ТЛ со пресврт и конечни 1:2 успеа да слави и да освои три бода на гостувањето кај Брегалница во Штип.
Херој на гостите како и многупати во изминатиот период е Марјан Радески кој што 87. минута со глава прекрасно заби во домашната мрежа и ги постави конечните 1:2.
А се почна добро за домаќинот на овој дуел. Во 42. минута Иван Глигоров прекрасно реализира во мрежата на Василев и Брегалница замина на полувреме со 1:0.
Сепак, во второто полувреме, се случи комплетен пресврт. Со прекрасниот гол на Алтин Алији во 51. минута кога погоди директно од корнер и постигна гол „ала Шаќири“. Со прецизен и одмерен удар погоди на вториот дирек во голот на Јашар.
Следуваше период во кој двата тима се обидоа да дојдат до победата, а тоа му појде од така на гостинот.
Радески со глава до десниот голманов дирек, и големо славје на Струга ТЛ.
Со оваа победа екипата на Струга ТЛ по 14 кола стигна до 32. бода и сеуште е лидер на табелата, додека пак Брегалница е седма со досегашните 14 поени.















