Алији како Шаќири… со гол од корнер до израмнување против Брегалница (ВИДЕО)

0

Во моментов се игра единствениот дуел од денешентата ПМФЛ програма во која што тимот на Брегалница во Штип ја пречекува Струга ТЛ.

По водството на домашните со голот во првиот дел, гостите израмнија преку Алији во 51. минута.

И тоа на каков начин. Со гол од слободен удар во стилот на Артим Шаќири своевремено и оној легендарен негов погодок  во Саутемптон против Англија.

Алији погоди маестрално во голот на Јашар кој што овојпат реагираше лошо, и дозволи да прими гол каков што не смее со оглед на неговото искуство.

ПретходноРакометарките почнаа со подготовките за Европското првенство (ФОТО)