Наташа Андонова испиша нова страница во историјата на македонскиот фудбал. Капитенката на македонската женска фудбалска репрезентација стана првата фудбалерка од Македонија која стигнала до бројката од 50 настапи во женската Лига на шампионите (UWCL).
Овој значаен јубилеј го објави официјалниот профил на женската Лига на шампионите на Инстаграм, оддавајќи ѝ признание на македонската интернационалка за историскиот подвиг.
За Андонова, која со години настапува на највисоко европско клупско ниво, ова е уште едно големо признание во богатата меѓународна кариера.










