Битолчанки се враќаат со голема победа од Скопје

1

Одбојкарките на Пелистер Волеј остварија значајна гостинска победа во Скопје, совладувајќи го Јанта Волеј со 3:2 во најнеизвесниот натпревар од шестото коло во женското одбојкарско првенство.

Победничката серија ја продолжија и Наковски Волеј и Газели Волеј, кои славеа со идентични 3:1. Актуелниот шампион Работнички Скопје се рехабилитираше со убедлива победа од 3:0 против Фламинго Волеј, не оставајќи простор за изненадување.

Сигурен настап пред домашната публика имаше и Младост УГД, кој со максимални 3:0 го совлада Фит Фан Волеј.

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ:

Шесто коло

Работнички Скопје – Фламинго Волеј 3:0

Јанта Волеј – КВ – Пелистер Волеј 2:3

Газели Волеј – Струмица Жени 3:1

Младост УГД – Фит Фан Волеј 3:0

ЖОК Вардар ЕМ – Наковски Волеј 1:3

Табела:  1. Наковски Волеј – 17 | 2. Газели Волеј – 15 | 3. Јанта Волеј – КВ – 10 | 4. Работнички Скопје – 10 | 5. Младост УГД – 10 | 6. ЖОК Вардар ЕМ – 8 | 7. Струмица Жени – 8 | 8. Пелистер Волеј – 8 | 9. Фламинго Волеј – 3 | 10. Фит Фан Волеј – 1

ПретходноФламенго ја одбрани титулата во Бразил