ГОК Борец забележа убедлива победа од 3:0 против Работнички 71&22 во петтото коло од одбојкарскиот шампионат во групата А. Велешани ги добија трите сета со 25:20, 25:22 и 25:23, потврдувајќи ја добрата форма.
Лидерот Штип УГД, пак, славеше со 3:1 на гостувањето кај Сушево, но домаќините успеаја да освојат еден сет. Штипјани поведоа со 2:0 (25:7, 25:19), Сушево возврати со 26:24, но фаворитот во четвртиот сет стави крај на неизвесноста со 25:18.
Во групата Б, Шкендија и Скопје остварија максимални победи од 3:0. Шкендија беше подобра од Весна Пробиштип (25:15, 25:16, 25:18), додека Скопје убедливо ја совлада Јанта волеј (25:17, 25:12, 25:14). Натпреварот меѓу Македонија Џио и Лирија е одложен.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ
Петто коло – група А
Струмица 47&72 – Универзитет во Тетово 3:0 (25:18, 25:18, 25:16)
Работнички 71&22 – ГОК Борец 0:3 (20:25, 22:25, 23:25)
Сушево – Штип УГД 1:3 (7:25, 19:25, 26:24, 18:25)
Табела:
-
Штип УГД – 15
-
Струмица 47&72 – 9
-
ГОК Борец – 9
-
Работнички 71&22 – 6
-
Универзитет во Тетово – 3
-
Сушево – 0
Петто коло – група Б
Скопје – Јанта волеј 3:0 (25:17, 25:12, 25:14)
Македонија Џио – Лирија – одложен
Весна Пробиштип – Шкендија 0:3 (15:25, 16:25, 18:25)
Табела:
-
Шкендија – 15
-
Лирија – 9
-
Македонија Џио – 6
-
Скопје – 9
-
Весна Пробиштип – 2
-
Јанта волеј – 1










