Струга ТЛ и по ова 14. коло од ПМФЛ шампионатот ќе остане на чело на оваа конкуренција. Благодарение на денешната победа во Штип против тимот на Брегалница од конечни 1:2.
По негативата на полувреме Алији израмни со фантастичниот гол од корнер, за да конечниот триумф го донесе стариот и добар Марјан Радески.
Тој со години е еден од најдобрите напаѓачи во домашниот шампионат. Струга ТЛ на него секогаш може да смета, а Радески и никогаш не подглегнал на притисокот.
„Одличен меч во Штип. Од двете страни. Отворен фудбал. Ние доминиравме во второто полувреме. И мислам дека заслужено победивме. Секако дека сум задоволен од тоа што го постигнав тој гол за победа, но најважно е што бодовите се на нашето конто. Продолжуваме да ги освојуваме, и да бидеме лидери на табелата. Со напорна работа, тренинзи и 100% концентрација на секој меч ќе прородлжиме во овој стил, сигурен сум“ – вели за СпортСпорт, Марјан Радески.















