Љупчо Кметовски стана шампион на САД во женски фудбал

0

Македонскиот фудбалски стратег Љупчо Кметовски се закити со шампионската титула во американскиот женски фудбал, откако Канзас Сити Карент триумфираше во финалето на Националната женска фудбалска лига (NWSL). Екипата на Кметовски во решавачкиот натпревар славеше со 2-1 против Вашингтон Спирит, заокружувајќи ја успешната сезона со највредниот трофеј.

Кметовски е дел од стручниот штаб на Канзас Сити Карент, каде што ја извршува функцијата тренер на голманките и асистент-тренер. Неговиот шампионски успех претставува значајно признание и за македонската фудбалска школа, која доби уште еден свој претставник на врвот на американскиот фудбал.

Кметовски во САД замина во 2018 година, на покана на Влатко Андоновски, а претходно пет сезони беше дел од стручниот штаб на ОЛ Реин, клубот од Сиетл.

ПретходноАнгелов: Респект кон Струга ТЛ, но Брегалница има свои цели