Васоски: Посакувам добар резултат против Шкендија

0

Денеска од 13 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, во последниот меч од 14.коло, тимот на Силекс гостува кај Шкендија (Т). Кога ќе се погледне табелата се забележува дека овој меч и тоа како е важен за двете екипи. Силекс според резултатите нема успешна есенска полусезона, но сепак Силекс е Силекс има квалитет во себе да дојде до добар резултат било каде и против било кого во ПМФЛ.

За тоа што може да се очекува од ова гостување, свој коментар има стратегот на кратовци, Александар Васоски, кој за „СпортСпорт“ истакна:

“Тежок меч, како за нас така и за Шкендија. Многу важни бодови се во игра. Не е тајна дека нашите резултати не се според нашите очекувања, затоа треба од некаде да се тргне што се вели. Секако дека ќе го дадеме својот максимум, дека ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме против квалитетниот состав на Шкендија, кој би можел да кажам дека е фаворот на хартија. Посакувам добар резултат. Што се однесува до составот, освен Шеро сите се во комбинација“ истакна Васоски.

ПретходноПокетино: Да, се бориме за опстанок, таква е нашата реалност!