Шкендија – Силекс 1:0 по првото полувреме од последниот меч од 14.коло. Стрелец на голот беше Фабрис Тамба и тоа по додавање на Марко Ѓорѓиевски во 19..минута. Тој гол Тамба и неговите соиграчи му го посветија на починатиот Агрон Мемеди кој почина пред неколку дена на само 45 години.
Инаку Шкендија уште во 6.минута преку Криеизиу можеше да поведе, но тој ја погоди стативата на кратовци.
Силекс во 30.минута преку Мишов се закани, ама на пауза се замина со 1:0 за тетовци кои првпат во својата историја како домаќини играат на Арената во Скопје, во меч од ПМФЛ.















