Супер-деби на Талески со 7 гола, Поповски погоди трипати

0

Македонскиот ракометар Филип Талески имаше одлично деби за швајцарскиот прволигаш Сур Арау. На својот прв настап за новиот клуб, во натпреварот од 13. коло во швајцарската НЛА, Талески постигна седум гола од осум обиди, со импресивна реализација од 87 проценти.

Арау на домашен терен славеше убедлива победа над Штафа со 35:26, а Талески веднаш покажа дека ќе биде значајно засилување за екипата. Македонскиот бек беше меѓу најефикасните ракометари на победничкиот состав, а забележа и една техничка грешка и едно исклучување од две минути.

Во победничкиот тим настапи и уште еден македонски ракометар – Мартин Поповски. Тој постигна три гола од пет обиди, од кои еден од седум метри. Ова беше прва победа на Арау по подолг период лоши резултати и конечно најава дека тимот може да побегне од дното на табелата.

ПретходноАргентинецот е нов рекордер во Ла Лига, го мина и легендарниот Арагонес