По примениот гол од корнер: Брегалница се “ослободи“ од голманот Јашар!

0
ФОТО:facebook.com/fkbregalnicaofficial

Иако се чека на официјална потврда, сепак нашите извори од градот под Исарот, дека тоа е готово. Имено голманот Амир Јашар не е веќе член на Брегалница. Ова доаѓа откако вчера во меч од 14.коло против Струга ТЛ, тој прими гол директно од корнер, стрелец на тој спектакуларен погодок беше младиот Алтин Алији.

По мечот и по поразот од 1:2, во таборот на штипските “сини“ имало голема нервоза, а цехот го платил токму Јашар, на кого му било кажано дека клубот веќе не смета на неговите услуги.

ПретходноФото од милион долари: Мрме и Венгер!