Лино Червар: Нема да биде лесно, ама ќе се обидеме да го победиме Вибжеже Гдањск!

0

Утре од 18.45 часот во салата “Боро Чурлевски“ во Битола, во меч од 5.коло во групата Г ЕХФ Европската Лига, Пелистер го пречекува тимот на Вибжеже Гдањск. Јасно е дека на биролчани нема да им биде лесно, тимот од Полска важи за квалитетен состав, но ако можеше еден Гумерсбах да падне во Битола, тогаш се е можно.

Во пресрет на утрешниот меч свој коментар има Лино Червар, стратегот на Пелистер:

“Пред нас е голема битка, но ние ќе се обидеме да го добиеме овој натпревар. Нема да биде лесно, но со помош на нашата публика имаме шанси, уште повеќе ако ја имаме поддршката од фановите како што беше на мечот со Гумерсбах. Секогаш има шанси кога имаш таква публика со тебе. Мораме да биде полни со оптимизам, мораме да дадеме се од себе за да се победи таков противник како Вибжеже Гдањск“ посочи Лино и дополни во однос на распоредот кој го има неговиот тим…

“Во неколку денови да се играат три дерби натпревари. Такво нешто не сум видел во мојот живот, но што е тука е“.

ПретходноУ-15: Македонија ќе одигра две пријателски со Србија