Табела по 14.коло: Лидерот Струга ТЛ сега има +8 бодови пред Вардар и +4 пред втората Шкендија

0

Откако денеска се одигра и последниот меч од 14.коло, меѓу Шкендија (Т) – Силекс 1:1, познат е изгледот на табелата во ПМФЛ во тековната сезона по ова коло. Значајна промена е таа што сега чидерот Струга ТЛ ја зголеми предноста и има +4 бодови пред втората Шкендија (Т), потоа +5 пред Тиквеш и дури +8 пред Вардар кој е на разочарувачкото 4.место на табелата. Ова значи дека стружани сами си решаваат за тоа дали ќе бидат есенски шампиони, а до крајот играат со Силекс, Тиквеш, Башкими и Арсими. Според проценките за такво нешто доволно ќе им бидат 7-8 бодови.

Конечно Скопје дури во ова 14.коло успеа да дојде до првата победа и сега има 7 бодови, но и натаму е последен.

ТАБЕЛА

1.Струга ТЛ 32

2:Шкендија (Т) 28

3.Тиквеш 27

4.Вардар 24

5.Силекс 18

6.Шкендија (А) 18

7.Брегалница 14

8.Башкими 14

9.Арсими 10

10.Скопје 7

ПретходноПоложани по ремито со Силекс:“Бевме во шок последните денови, но тоа не е оправдување“!