Фото од милион долари: Мрме и Венгер!

0

Секако дека ова е фото од милион долари, а на него се Игор Мрме Ангеловски и Арсен Венгер. Едниот легенда во мак – фудбалот, вториот легена на светскиот фудбал, секако и на Арсенал.

Куса средба, по која следуваа неколку заеднички фотографии, а тоа го сподели на своите социјални мрежи некогашниот селектор на Македонија и актуелен предводник на селекцијата на Таџикистан..

“Секогаш е задоволство кога можеш да споделиш искуство со еден од најдобрите тренери во светот.
Г-дин Арсен Венгер“
напиша Мрме.

ПретходноИако Ливерпул победи со 4-0: Баркола е разочаран од својот настап на дербито (ФОТО)