Мијалче Прошев повеќе не е тренер на Брегалница

1
ФОТО:facebook.com/fkbregalnicaofficial

Промени во Штип. По домашниот пораз од тимот на Струга ТЛ од конечни 1:2, во кој што гостите со пресврт дојдоа до трите бода, екипата на Брегалница остана без тренер.

Досегашниот стратег, Мијалче Прошев е сменет и повеќе нема да ја води екипата.

Од друга страна пак, според сите најави, во клубот влегува долго очекуваниот нов сопственик, односно инвеститор од Турција, кој што на чело на Брегалница најверојатно ќе го постави Џенгис Реџепи.

Брегалница во моментов се наоѓа на седмата позиција на табелата во ПМФЛ шампионатот со 14. освоени бодови. Ја чека голем предизвик да се обезбедат бодови за мирен од во овогодинешниот шампионат.

 

ПретходноФудбалер во Италија по исклучувањето се врати на терен со нож!!!