Се работи за момчето за кое што во моментов се борат неколку репрезентации, за да настапува за нив.
Играчот на Штутгарт на позајмица во тимот на Барселона, и во моментов репрезентативец на Германија, Мирза Чатовиќ доживеа скршенца на ногата на локалното серби против Еспањол на дуелот на Б екипите.
Стравичниот момент се случи на почетокот на мечот, нормално Чатовиќ беше одведен со болничко возило и ќе треба операција за да се санира повредата.
Чатовиќ е сметан за еден од најголемите европски таленти во неговата возраст, а Босна со сите сили се обидува да го доведе да настапува се неа.
Момчето кое што е родено во Тутин, Србија може да настапува и за нашиот северен сосед. Во моментов има 19. години.










