Пелистер нема право на грешка: Гдањск е тежок ривал, но играме дома!

0

Еурофарм Пелистер немаше многу време за жалење по поразот од Алкалоид на гостински терен во Суперлигата. Битолчани мораа брзо да се издигнат и да се подготват за денешниот предизвик. Во салата „Боро Чурлевски“ гостува Вибжеже Гдањск, тим кој е лидер во групата во која настапува македонскиот претставник во Европската лига.

По победата над Гумерсбах, Лино Червар и неговите момци ја вратија надежта дека сепак можат да се пласираат во главната рунда, но за да направат нов, голем исчекор, ќе мора да остварат победа против полскиот состав.

„Гдањск има многу добри млади и искусни играчи. Сакаат да го играат тој шпански стил, па во одбрана прават пресинг од број два до број пет. Во напад играат до крај со полна сила. Мислам дека тоа е нивното најдобро оружје.

Играме тежок натпревар, но тоа е добро за нас. Тешките натпревари го градат нашиот менталитет. Сакаме да играме под притисок, а играме и дома. Ако нашите навивачи ни помогнат, а сигурно ќе ни помогнат, ова може да биде навистина, навистина добар натпревар за нас“, порача Анжеј Видомски.

Првата меѓусебна пресметка во Гдањск заврши без победник (31-31), што е дополнителен мотив за битолчани дека со поддршка од своите навивачи можат да стигнат до двата бода.

Натпреварот е закажан за денеска со почеток во 18:45 часот.

ПретходноКризата со повреди го принудува ПСЖ да го одврзе ќесето во јануари