Арсими преку Брера до 1/4 финале во Купот на Македонија

1

Со конечни 1:3 во меч одигран во Струмица, екипата на Арсими успеа да влезе во 1/8 финалето од Купот на Македонија, со победата над екипата на Брера.

По домашното водство уште на стартот на мечот, гостите во вториот дел од направија комплетен пресврт и дојдоа до конечна победа и пласман понатаму со головите на Јусуфи, Алити и Гаје.

Па така, по екипите на Струга ТЛ, Скопје, Шкендија Арачиново, Вардар, Силекс, Работнички и Македонија ЃП и Арсими се приклучува во следната фаза од најмасовното фудбалско натпреварување во Македонија.

ПретходноПанајотис Јанарас: Противникот има кошаркари кои се на многу високо ниво