Рахим Стерлинг иако е виновен, нема да оди во затвор

142

Иако предизвика сообраќајна несреќа со своето скапоцено Ламборџини, иако во тој момент беше под дејство на супстанци, Рахим Стерлинг нема да оди во затвор. Тој се изјасни како виновен за целата ситуација, и доби условна казна од страна на судот.

Некогашниот англиски репрезентативец кој сега веќе има 31. година поседувал шест шишиња азотен оксид, исто така познат како гас за смеење, и се корости за нелегално вдишување. Бил по дејство на истата во времето на несреќата, а потоа не доставил примерок за анализа.

Денес, Окружниот суд во Бејзингстоук ја објави неговата казна. Станува збор за условна казна затвор од 12 месеци, која што е заменета со условна казна од 18 месеци. На Стерлинг му беше наредено и да изврши 100 часа неплатена општествено корисна работа и му беше забрането да вози две години.

ПретходноАрсими преку Брера до 1/4 финале во Купот на Македонија
СледноТрпевски, Грчевски и Грашески дел од поразите на Динамо и Црвена Звезда во младинската ЛШ