Столе влезе во избор за најдобра одбрана во Ла Лига во ноември (ВИДЕО)

0
фото: Valencia CF (X)

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски доби ново признание за своите голмански квалитети, откако една од неговите интервенции се најде во конкуренција за најдобра одбрана во Шпанија.

Голманот на Валенсија влезе во потесниот избор за најдобра одбрана на месецот во шпанското првенство. За конечниот избор ќе одлучуваат навивачите со своите гласови. Димитриевски во изминатиот период се наметна како важна алка во тимот на Валенсија, со низа сигурни и атрактивни интервенции. Неговите настапи придонесоа за позитивните резултати на „лилјаците“, а токму една од неговите одбрани го привлече вниманието и на организаторите на изборот.

ПретходноЛШ: Барса рутински во Баку, Виљареал извлече победа во Прага