За некои сензационално, за некои очекувано, ама тоа е тоа. Од денеска Гоце Седлоски не е веќе предводник на А-репрезентацијата на Македонија. Како што велат од ФФМ, има спогодбен раскин на договорот.
Па така заврши ерата на Седло и тоа по неполна година. Тој официјално беше назначен за селектор на 22 декември минатата година, а си замина од ова место на 25 ноември 2026 година, денеска.
Секако дека треба малку повеќе време за да се направат детални анализи, за да се кажат работите со “ладна глава“, но факт е дека Седлоски ќе се памети како најлошиот селектор во историјата на Македонија.
Оваа 2026 година под негово водство ја завршивме без ниту една победа, со само еден постигнат гол и секако со кататстрофален скор во Б Лигата на Нации во групата 1 каде имавме шест порази во шест натпревари.
Седлоски ќе остане запаметен како селектор кој на почетокот ја имаше поддршката од речиси цела фудбалска јавност, требаше со него да биде подобро отколку со неговиот претходник Благоја Милевски. Не само што беше подобро, туку беше катастрофално.
По секој пораз тој јавно изјавуваше дека ова е процес, дека ќе биде подобро, дека знае што прави, дека времето е на негова страна, дека ја подмладува репрезентацијата, дека ….
Ама, Македонија, нели, нема време за чекање за тој негов процес. Фудбалот е суров, се бараат резултат веднаш и сега, а тој ги немаше.
Ете, затоа е разделбата меѓу него и Фудбалската федерација на Македонија.
Кога немаш резултати, мораш да си одиш.
БИЛАНСОТ НА СЕДЛОСКИ
Данска – Македонија 4:0
Р.Ирска – Македонија 0:0
БиХ – Македонија 0:0
Турција – Македонија 4:0
Македонија – Швајцарија 0:3
Словенија – Македонија 2:0
Македонија – Шкотска 0:2
Швајцарија – Македонија 3:0
Шкотска – Македонија 2:1
Македонија – Словенија 0:3










