Уште една потврда зошто Садио Мане е еден од најомилените фудбалери во светот!

0
фото: AFCON 2025 (X)

Враќањето на титулата континентален шампион во Сенегал предизвика лавина од прослави низ целата земја, а меѓу првите што ги споделија своите емоции беше капитенот на репрезентацијата, Садио Мане. Сепак, наместо само триумфализам, познатиот сенегалски ас го искористи овој историски момент за да упати зборови на длабока почит до големите спортски соперници од Мароко.
Правниот епилог пред Спортскиот арбитражен суд (CAS) донесе огромно олеснување и неопислива радост за Сенегалците. Мане прво им се обрати на своите сонародници преку своите официјални канали, не криејќи колку оваа пресуда значи за целата репрезентација по долг и неизвесен процес.

Капитенот на „Лавовите“ потсети на единството и поддршката што не престанаа од првиот ден од турнирот, истакнувајќи дека трофејот ѝ припаѓа на целата нација, и во земјата и во странство.
“Пресреќни сме од одлуката донесена од Спортскиот арбитражен суд и враќањето на африканската круна во нашиот тим. Должиме голема благодарност на сенегалскиот народ, и во татковината и низ целата дијаспора. Вашата непоколеблива поддршка од самиот почеток до сега беше нашата клучна сила. Огромна благодарност и до моите соиграчи“, рече Мане.

Водачот на сенегалската репрезентација се осврна на огромните жртви што стоеја зад новиот голем подвиг на репрезентацијата и освојувањето на втората континентална круна.
“Свесен сум за количината на жртва и напорна работа што ја вложи секој поединец за да освои уште една ѕвезда. Исклучително ми е чест што сум дел од оваа приказна со вас. Благодарност до тренерскиот персонал, како и до сите што ги следеа „Лавовите“ на ова патување“.
Сепак, неговите зборови упатени до Мароко имаа посебен одѕив во спортската јавност. Иако борбата за шампионскиот пехар донесе голема тензија и неизвесност, капитенот на Сенегал покажа највисоко ниво на фер-плеј, честитајќи му на својот ривал за одличниот турнир.
“Сакам да го изразам моето искрено почитување и поддршка до народот на Мароко и нивната репрезентација. Зад нив е феноменален турнир и тие имаат секоја причина да бидат горди на она што го постигнале. Им посакувам многу успех во нивните следни предизвици. Сенегал и Мароко се братски земји и верувам дека страста кон фудбалот секогаш ќе нè обединува. Честитки до сите Сенегалци, ова е наш заеднички триумф“, изјави Мане.

ПретходноПМФЛ -15.коло: Тиквеш – Шкендија, Силекс – Струга ТЛ и Арсими – Вардар в сабота!