На вториот дуел помеѓу соодветните селекции на Македонија У15 и Србија повторно одигран на комплексот Петар Милошевски во Скопје, противникот уште еднаш беше подобар од нашите надежи.
Овојпат дуелот заврши со доста голови, а Србија победи со конечни 2:5.
Серијата голови беше отворена уште во четвртата минута кога Новак Туфекџиќ и донесе предност на Србија од 1:0. Во 28-та беше досуден удар од 11 метри за гостите, а прецизен од белата точка беше повторно Туфекџиќ.
Во финишот од првото полувреме избраниците на селекторот Горан Георгиевски успеаа да ја намалат предноста на противникот, а стрелец на голот беше Ненад Јовановиќ.
По седум минути игра во вториот дел Србија поведе со 3:1, а во листата на стрелците се запиша Матео Андрејиќ.
Во шеесетата гостите веќе имаа предност од 4:1, а погодокот беше дело на Раде Вулиќ.
Во 71-тата минута судијата Дарко Стојанов покажа на белата точка за Македонија, а ударот од 11 метри го реализираше Марко Мартиновски, кој намали на 4:2.
Конечниот резултат го постави Вулиќ кој по втор пат го совлада нашиот чувар мрежата, а погодокот го постигна во 89. минута.
МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА 2:5
Стадион: Тренинг центар Петар Милошевски
Судија: Дарко Стојанов
Помошници: Петар Михаилов, Кирил Јованов
Четврти судија: Спире Арсов
Стрелци: Ненад Јовановиќ 42, Марко Мартиновски 71 (пенал) – Новак Туфекџиќ 10, 28 (пенал), Матео Андрејиќ 52, Раде Вулиќ 60, 89
МАКЕДОНИЈА: 1. Давор Грабуловски, 3. Стефан Петровски, 5. Мартин Мечкаровски (4. Калин Арсовски 46), 6. Марко Мартиновски, 7. Афан Јонузи, 8. Амир Бафтијар (20 Виктор Грданоски 90), 9. Адем Вукељ (11. Ненад Јовановиќ 29) (16. Ринор Палоши 90), 10. Габриел Митев, Фударски (17. Михаил Василевски 62), 13. Стефан Дрндаровски (19. Аник Исуфи 62), 21. Берат Фејзулаху (18. Калин Каракаш 62), 23. Даниел Гилберти (2. Хари Папиќ 90)
СРБИЈА:1. Душан Жвеглиќ (12. Огњен Пајиќ 71), 2. Никола Драмилиќ (14. Никола Ранѓеловиќ 62), 3. Вељко Зувиќ, 4, Матеја Молдовановиќ (13. Давор Живковиќ 71), 5. Филип Глушац, 6. Филип Аврамовиќ (8. Андрија Мартиновиќ 62), 7. Лука Шинка (11. Раде Вуглиќ 46), 10. Новак Туфекџиќ (15. Вук Тешиќ 71), 16. Стефан Нешковиќ (18. Марко Котарлиќ 46), 17. Фабио Да Силва (20. Теодор Јелиќ 62), 19. Данило Радојевиќ (9. Матео Андрејиќ 46).










