ЛЕ и ЛК: Елмас на гости кај Херера и Шишко, Гаштаров против Гент, Муслиу на “Пољуд“!

0
ФОТО:.facebook.com/atalantabc

Вечерва се играат редовните кола од Лигата на Европа и Лигата на Конференции, а се очекува и добар настап на неколку наши интернационалци и репрезентативци на Македонија.

Секако дека најинтересно ќе биде во Бања Лука каде Борац во ЛК ја пречекува Аталанта, тоа во некоја рака ќе биде и “македонско“ дерби ако се знае дека Себастијан Херера и Дамјан Шишковски се членови на тимот од БиХ, а Елиф Елмас на клубот од Бергамо.

Џани Алиоски со својот Лугано му гостува на Јаблонец, додека Матеј Гаштаров со својата Ц.Звезда го очекува тешко гостување во Белгија кај тимот на Гент.

Кога сме кај Белигија, Ст.Труден вечерва игра со Хајдук на “Пољуд“ во Сплит, а за гостите стартер ќе биде нашиот репрезентативец Висар Муслиу, кој важи за еден од клучните играчи на Ст.Труден.

Гостува и Елмин Растодер со својот Панатинаикос кај Нордсјиланд.

Во Лигата на Европа, Левски Софија на Никола Серафимов игра кај Марсеј, секако дека ова треба да биде спектакл.

ПретходноБарселона не го пушта Секулиќ – Словенија има нов селектор