Надлежните во КФМ вечерва ги објавија казните за она што се случуваше на мечот од КК Охрид и КК Гостивар, во натпревар од Првата кошаркарска лига. Меч кој го одбележа голем инцидент.
Поради ова КК Охрид е казнет со 200.000 денари и четири меча без публика, а кошаркарот Бојоски со два меча забрамна за настап.
Инцидентот започнал кога Бојоски неспртски, со рамото, го удрил противничкиот кошаркар.
Откако Бојоски добил исклучавачка техничка грешка, настанал хаосот. Имало од се по нешото. Физички нападнат бил и судијата. Мечот беше прекинат по инциентот, а потоа и продолжен.










